Nuri Aydın
01 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
ЛОНДОН
Истражувањето во Велика Британија покажа дека само 18 отсто од заразените со коронавирусот кои покажуваат симптоми на болеста, биле тестирани на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми пренесуваат дека експертите од Агенцијата за јавно здравство на Англија (PHE) спровеле анкета во која учествувале 53.880 лица кои се заразени со Ковид-19.
Резултатите од анкетата покажаа дека само 18 отсто од симптоматските болни лица биле тестирани на присуство на коронавирусот. Кај 52 отсто од заразените биле забележани симптоми како кашлање, висока температура, губење на чувство за мирис и вкус.
Се истакнува дека 48 отсто од заразените биле во карантин, а дека мерките на карантин помалку ги почитувале мажите, младите лица, семејствата со деца и лицата со финансиски потешкотии. Најчестите изговори за прекршување на мерките за карантин биле заминување на работа, купување или лекување.
Во Велика Британија од почетокот на пандемијата се забележани повеќе од 4.345.000 случаи на заразување со коронавирусот, но поединци тврдат дека овој број веројатно е помал во однос на вистинскиот број на заразени.
Резултатите од анкетата се објавени во неделното списание на Унијата на британски лекари (BMJ).