İlyas Tayfun Salcı
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 412 лица како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 37.460, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, во земјата во последното деноноќие регистрирани се 2.013 нови случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи е зголемен на 267.240.
Во текот на последните 24 часа во Велика Британија направени се 117.013 тестирања за Ковид-19, со што вкупната бројка на спроведени тестови низ целата земја се зголеми на 3.798.490.