Nuri Aydın
09 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
АНКАРА
Во изминатите 24 часа од последиците на заразување со коронавирусот во Индија починаа 964 заразен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека вкупниот број смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата е зголемен на 106.490.
Само во последното деноноќие во Индија се потврдени уште 70.496 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што бројката на заразени од почетокот на пандемијата во таа земја се зголеми на 6.906.151 милион.
Од почетокот на епидемијата оздравеа 5.906.069 милиони луѓе.
Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците за Ковид-19, Индија е втората земја во светот според бројот на случаи.