Muhammet Kurşun
14 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) – Во Иран, вкупниот број на починати од вирусот Ковид-19 достигна 8.837, со 107 смртен случај во текот на изминатите 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари, потврди дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 107 лице, а регистрирани се 2.472 новозаразени.
Истакнувајќи дека вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 8.837, Лари рече дека бројот на заразени се искачил на вкупно 187.427.
Портпаролката соопшти дека 2.781 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, додека излекувани и отпуштени од болница се 148.674 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Таа исто така рече дека досега во земјата се направени вкупно 1.244.074 тестирања за Ковид-19.
Во Иран на почетокот од мај бројот на евидентирани случаи во едно деноноќие беше намален на под 800.
Откако беа укинати забраните за движење, бројот на регистрирани случаи со Ковид-19 повторно почна да се зголемува.