Muhammet Kurşun
12 Ноември 2020•Ажурирај: 13 Ноември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 40.121, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 457 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран пораснал на 40.121.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 11.517 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 726.585.
Според Лари, 5.614 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 541.566 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 5.384.988 тестирања за Ковид-19.