Havva Kara Aydın
11 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
РИМ (АА) - Италија денес пријави уште седум смртни случаи како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, со што бројот на починати во земјата достигна 34.945, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според најновите податоци на Министерството за здравство, бројот на активни случаи се спушти на 13.303.
Во изминатите 24 часа евидентирани се 188 нови случаи, со што вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјата достигна 242.827.
Во меѓувреме, бројот на излекувани продолжува да се искачува, достигнувајќи 194.579, а во изминатите 24 часа од интензивна нега отпуштени се уште 306 пациенти.
До денес, низ земјата спроведени се над 5,95 милиони тестирања за Ковид-19.
Откако се појави во кинескиот град Вухан, минатиот декември, Ковид-19 се рашири во најмалку 188 земји и региони.
Пандемијата досега ги зеде животите на над 561.000 луѓе во светот, со над 12,5 милиони потврдени случаи и повеќе од 6,9 милиони излекувани, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.