Havva Kara Aydın
11 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Во изминатото деноноќие во Турција регистрирани се 1.334 излекувани лица од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата достигна 193.217, изјави денес турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стапката на случаи во Турција чија состојба преминува во пневмонија се намалува, рече Коџа.
Во текот на изминатите 24 часа во Турција дијагностицирани се 1.016 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени на национално ниво достигна 211.981, покажуваат податоците на турското Министерство за здравство.
Бројот на починати од вирусот се искачи на 5.344, со 21 смртен случај во последните 24 часа.
Надлежните спроведоа вкупно 48.813 тестирања за вирусот во текот на изминатото деноноќие, со што досега во земјата се спроведени над 3,93 милиони тестирања.
Низ целиот свет, Ковид-19 досега зеде над 561.300 животи во речиси 200 земји и региони откако се појави првпат во Кина минатиот декември.
Во светот се регистрирани над 12,53 милиони случаи. САД, Бразил, Индија и Русија во моментов се најтешко погодени земји од вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Податоците покажуваат и дека повеќе од половина од вкупниот број пациенти на светско ниво, над 6,91 милиони, се излекувале.