Jeyhun Aliyev
07 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
ПЕКИНГ
Бројот на починати од новиот тип коронавирус Ковид-19, во Кина се искачи на 3.072 лица, соопшти денеска Националната здравствена комисија на Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека во последните 24 часа починале 28 лица, а детектирани биле 99 нови случаи, со што вкупниот број потврдени случаи со вирусот достигна 80.651.
Најмалку 22.177 лица во моментот се под медицински третман, а бројот на отпуштени пациенти изнесува 55.404.
Претходно беше објавено дека 16 од привремените болници изградени во покраината Хубеи, епицентарот на вирусот, ќе бидат постепено затворани.
Најпрвин откриен во Вухан, Кина, во месец декември, вирусот, официјално познат како Ковид-19, се прошири во над 80 земји во светот.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на починати на глобално ниво е близу 3.500, со околу 100.000 потврдени случаи.
Како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот, владите ги затворија границите и ги прекинаа копнените и воздушните патувања кон и од земјите кои се најтешко погодени, како Кина, Иран и Италија.
Светската здравствена организација (СЗО) го зголеми глобалниот степен на ризик од коронавирусот Ковид-19 од „висок“ на „многу висок“.