Dejan Maksimovic
07 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во Хрватска е потврден 12. случај на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михајлевиќ“ во Загреб, денеска е потврдено уште едно лице заболено од новиот коронавирус, што значи дека досега во Република Хрватска потврдени се 12 заболени лица.
„Станува збор за близок контакт со друг заболен со Ковид-19 во Вараждин“, наведоа во вонредното соопштение од Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска.