Ali Cura
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија досега се дијагностицирани 485.253 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, а бројката на починати се искачи на 6.142 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции на инфекциите од коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 8.595 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 485.253.
Во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 171 лице, а вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 6.142.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 се искачи на 242.397, со зголемување од 11.709 лица во текот на последното деноноќие.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,8 проценти, при што кај 38,1 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва, која е центар на епидемијата во Русија, детектирани се 1.572 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 198.590.
Во градот во последните 24 часа од коронавирусот починаа 59 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.029.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата е зголемен на над 13.200.000.
Во соопштението исто така се наведува дека 320.000 лица се наоѓаат под надзор.
Во Москва полицискиот час, што започна на 30 март, е укинат денес.
Почнаа да работат салоните за убавина, фризерите, ветеринарните клиники, агенциите за вработување, студијата за фотографија и филм.
Во Русија, првите случаи на Ковид-19 беа откриени на 31 јануари, а првата смрт поврзана со Ковид-19 се случи на 19 март. Во земјата мерките беа преземени од крајот на март.