Emel Gözellik
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пренесувањето на вирусот Ковид-19 од асимптоматски пациенти, кои не покажуваат знаци на болест, на друг е многу ретко, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Марија ван Керкове, шеф на програмата за борба против Ковид-19 на СЗО, во изјавата дадена во Женева рече дека ги разгледуваат податоците од различни земји за тоа како се пренесува Ковид-19.
Според податоците што ги добиле, Керкове рече дека е многу ретко Ковид-19 да се пренесе од асимптоматски пациенти на некој друг и дека истражувањата за оваа тема продолжуваат.
Керкове изјави дека владите треба да се фокусираат повеќе на симптоматските случаи за да го спречат ширењето на Ковид-19.
Во претходните студии беше наведено дека лице што не покажува симптоми на болеста Ковид-19 може лесно да ја шири.