Dmitri Chirciu
09 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се искачи на 198.676, а бројот на починати на 1.827, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Рускиот центар за контрола и превенција на Ковид-19 е соопштено дека во последните 24 часа во земјата се потврдени нови 10.817 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка е зголемена на 198.676.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа, 104 лица починале од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати е 1.827.
Од друга страна Ковид-19 во последното деноноќие го победиле 5.308 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани се искачи на 31.916.
Во соопштението се наведува дека 40,7 отсто новозаразени не покажуваат симптоми на заразеност, и дека просекот на растот на бројот на заразени изнесува 5,8 отсто.
Жариштето на Ковид-19 во Русија е главниот град Москва, каде што бројот на заразени се зголеми за 5.667 во последните 24 часа, со што вкупната бројка се искачи на 104.189.
Исто така во Москва, во последното деноноќие од Ковид-19 починаа 54 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 1.010.
Во соопштението се истакнува дека досега во Москва од коронавирусот оздравени се вкупно 12.779 лица.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека бројот на заразени во руската Војска се зголемил на 1.576, а се излекувале 275 лица.
Исто така се истакнува дека ситуацијата на 3 пациенти со Ковид-19 е тешка, и дека во воените училишта евидентирани се 1.380 случаи, а оздравени се 431 лице.
Првиот случај на заразување со Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан од тој вирус.