Mehmet Nuri Uçar,Sofya Hocabaşi
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Воздухопловите сили на либиската Армија извршија 6 воздушни операции во воената база „Ватија“ и околината, каде што се наоѓаше милицијата на пучистот Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на либиската Армија, потполковник Мухамед Кунуну, во писменото соопштение наведе дека 70 припадници на милицијата се неутрализирани за време на воздушните операции извршени вчера во воената воздухопловна база „Ватија“, каде што се наоѓа милицијата на Хафтар.
Укажувајќи дека цел на 6-те воздушни операции биле воената база „Ватија“, околината и патиштата, портпаролот Кануну истакна дека се уништени и воени возила натоварени со оружје и муниција.
Либиската Армија на 25 март ја започна операцијата „Мировна бура“, а на 13 април од милициите на Хафтар беа заземени 7 области и еден град западно од Триполи.
Ватија е голема и заштитена воена област во пустината, која со воениот капацитет од 7 до 10 илјади војници претставува стратешки важна база.