Ali Cura
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
МОСКВА (АА) - Претседателот на Сојузот на новинари на Русија, Владимир Соловјев, соопшти дека над 400 новинари во земјата се заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), а дека 5 новинари во Русија починале како последица на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Интерфакс“, Соловјев информирал за руските новинари кои се заразени со Ковид-19.
Тој нагласи дека над 400 новинари во земјата се заразени со овој вирус.
Додаде дека како последица на Ковид-19, во земјата починале 5 новинари.
Според него, постои можност за зголемување на оваа бројка на 6 новинари, бидејќи, како што рече тој, неодамна во Калининград починал еден новинар под сомнение дека починал од Ковид-19, но сè уште не е откриена причината за неговата смрт.
„Според податоците на Меѓународната федерација на новинари, како последица на Ковид-19 починале над 60 новинари од 30 земји во светот“, додаде Соловјев.