Mustafa Melih Ahıshalı
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за здравство, Саид Немеки, предупреди дека голем дел од населението и функционерите во земјата не внимаваат на опасноста од новиот вид коронавирус, Ковид-19, сметајќи дека епидемијата е завршена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За жал, многу луѓе во нашата земја мислат дека епидемијата заврши. Бев во Мешхед пред два дена. Не се внимава на социјалната дистанца, не се носеа маски. Вложуваме напори 3 месеци. Глетката беше жалосна“, истакна Немеки во изјавата за иранската државна телевизија.
Потенцирајќи ја брзината на ширење на Ковид-19, Немеки додаде: „Нашиот народ мисли дека Ковид-19 заврши и не размислува дека може да се врати многу лесно. Ако се продолжи вака, ќе примиме гол од коронавирусот во последната минута.“
Немеки додаде дека некои функционери вршеле притисок врз него да ги укине мерките.
Ковид-19 во Иран за првпат беше евидентиран во градот Ком на 19 февруари, а потоа се прошири низ целата земја.