Dmitri Chirciu
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 31.593, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.836.960, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 19.851 нов случај на Ковид-19.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи на заразеност со коронавирус се зголеми на 1.836.960.
Во последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починаа уште 432 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 31.593.
Оздравеа уште 18.616 лицa, со што вкупниот број на оздравени лица од почетокот на пандемијата во земјата изнесува 1.369.357.
Досега во Русија се направени над 66,1 милион тестирања за Ковид-19.