Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
КАНБЕРА
Во Австралија, по една дојава од американските власти откриен е меѓународен картел за злоупотреба на деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „ABCNews“, заменик-комесарот на австралиската федерална полиција, Џастин Гог соопшти дека 16 лица се приведени во државите Нов Јужен Велс, Квинсленд и Западна Австралија под 828 обвиненија, вклучително и сексуално злоупотреба на деца.
Гог информираше дека меѓу уапсените имало и работник за згрижување деца и фудбалски тренер и дека картелот има врски во САД, Канада, Азија, Европа и Нов Зеланд.
Се наведува дека 46 жртви на картелот биле идентификувани во Австралија од 16 месечни деца до 15 годишни.
Се истакнува дека Националниот центар на САД за исчезнати и експлоатирани деца во австралиската полиција во февруари пријавил за злоупотреба на децата, откако едно лице во Нов Јужен Велс поставило материјал за злоупотреба на деца на Интернет.