Büşra Selvi Öğütcen
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
АНКАРА (АА) – Во светот досега од новиот тип коронавирус, Ковид-19, оздравеа повеќе од 15 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“ од Ковид-19 во светот досега оздравеа вкупно 15.051.945 лица.
Најмногу оздравени лица има во Соединетите Американски Држави (САД) и тоа 3.011.098, потоа следува Бразил со 1.554.179, Индија со 2.038.585 оздравени, Русија со 742.628, Јужноафриканска Република со 485.468, Перу со 374.019, Мексико со 363.397, Чиле со 362.440, Колумбија со 312.323, Иран со 300.881, Саудиска Арабија со 272.911 и Пакистан со 272.128 оздравени лица.
Во Турција досега излекувани се 232.913 пациенти.
Во светот од појавата на епидемијата регистрирани се 22.309.441 случаи на Ковид-19, а како последица на вирусот починаа 784.377 лица
Коронавирусот кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗ0) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.