Emel Öz
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 210 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 210.135.043 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 38.072.656 лица.
По САД следуваат Индија (32.320.898), Бразил (20.458.221), Русија (6.663.473), Франција (6.533.383), Велика Британија (6.355.887), Турција (6.138.452), Аргентина (5.106.207), Колумбија (4.877.323) и Шпанија (4.745.558).
Како последица на вирусот во светот починаа 4.405.953 лица.
Во светот регистрирани се 188.247.125 оздравени лица од вирусот, додека 17.481.965 лица се во процес на лекување.