Emre Aytekin
29 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот со коронавирусот заразени се над 17 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци досега од вирусот заразени се 17.025.612 луѓе.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД, со 4.520.026 заразени лица.
По САД следат Бразил (2.498.668), Индија (1.582.581), Русија (828.990), Перу (395,005), Чиле (351.575), Шпанија (327.690), Велика Британија (301.455), Иран (298.909), Пакистан (276.288), Саудиска Арабија (272.590), Италија (246.776) и Турција (228.924).
Меѓу земјите во кои се регистрирани над 100.000 заразени се и Германија со 208.537 позитивни на коронавирусот, Франција со 183.804, Аргентина со 173.355 и Ирак со 118.300 пациенти.
Коронавирусот Ковид-19 кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Како последица на вирусот во светот починаа 665.947 лица.