Handan Kazancı
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција дадени се над 33 милиони дози на вакцините против Ковид-19 од почетокот на масовната кампања за вакцинација во земјата во средината на јануари, објави денес турското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците објавени денес покажуваат дека 19,3 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината, додека 13,6 милиони ја примиле втората доза.
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 578.762 дози од вакцините против Ковид-19.
Вкупниот број на заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата во Турција изнесува близу 5,32 милиони, додека бројот на смртни случаи достигна 48.593.