Duygu Yener
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Турција, во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 64 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 3.584, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според бројките споделени на страницата на Министерството за здравство, во последните 24 часа во Турција се регистрирани 2.253 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка достигна 131.744, а во последното деноноќие направени се вкупно 30.303 теста за коронавирусот.
„Во последните 24 часа починаа 64 пациенти, а 4.917 пациенти се излекуваа. Вкупниот број на направени тестови е 1.234.724, вкупниот број случаи е 131.744, вкупниот број на починати е 3.584. На одделите за интензивна нега има 1.278 пациенти, бројот на пациенти поврзани за респиратор е 669. Додека вкупниот број на излекувани пациенти е 78.202“, се наведува на веб-страницата на турското Министерство за здравство.
Министерот за здравство, Фахретин Коџа, во објава на својот профил на Твитер истакна: „Бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега и респиратор е намалена. Има зголемување на бројот на нови случаи во рамките на очекуваните граници. Тие се предизвикани во деновите веднаш по завршувањето на полицискиот час. Вирусот ја користи секоја можност. Мораме да ги почитуваме мерките за претпазливост.“