Emre Aytekin
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во светот како последица на коронавирусот (Ковид-19) починаа над 260.000 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на страницата „Worldometer“, бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот достигнал 260.448, а бројот на заразени 3.768.063.
Најголем број смртни случаи досега се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), каде од Ковид-19 починале вкупно 72.767 лица.
Потоа следат Велика Британија со 30.076, Италија со 29.684 смртни случаи, Шпанија 25.857 и Франција со 25.531 смртни случаи.
Досега од коронавирусот се излекувале 1.203.606 лица, додека на лекување се наоѓаат вкупно 2.234.009 лица.