Barış Kılıç
29 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) – Во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 починаа 89 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 3.081, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, во последните 24 часа регистрирани се 2.986 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани достигна 117.589.
Во изминатото деноноќие излекувани се 5.231 пациенти, со што вкупната бројка на лица кои го победија коронавирусот е зголемен на 44.022.
На интензивна нега моментално се наоѓаат 1.574 пациенти, а бројот на пациенти поврзани на респираторниот уред изнесува 831.
Турското Министерство за здравство, меѓу другото, соопшти дека во последните 24 часа направени се 43.498 тестирања за Ковид-19, и дека од појавата на епидемијата досега во земјата направени се вкупно 991.613 тестирања.