Ekip
18 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Одиграни се последните три натпревари од Групата „Х" за квалификации за ЕУРО 2020, при што за пласман во раната фаза на натпреварувањето се изборија Турција и Франција, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во последното коло од Квалификациите за Европското фудбалско првенство кое ќе се игра наредната година, фудбалската репрезентација на Турција ја совлада репрезентацијата на Андора.
Националниот тим на Турција квалификациите ги заврши со победа на гости, против Андора, со резултат 0:2.
Двократен стрелец за Турција беше Енес Унал кој постигна погодоци во 17 минута и во 23 минута од натпреварот. Инаку, репрезентацијата на Турција претходно го обезбеди второто место во групата кое води на ЕУРО 2020.
Селекцијата на Албанија на стадионот “Air Albania“ во Тирана ја дочека репрезентацијата на актуелниот светски првак Франција.
Репрезентацијата на Франција го отвори резултатот во 9 минута од натпреварот, а голот го постигна Корентин Толисо. Антони Гризман во 30 минута од натперварот го постигна вториот погодок за Франција и зголеми на 2:0.
Во натпреварот помеѓу репрезентациите на Молдавија и Исланд, гостинската репрезентација победи со резултат 1:2.
По одиграните натпревари од квалфикациите за ЕУРО 2020 во Групата „Х", лидер е Франција со 25 бодови, втора е Турција со 23, Исланд е на третото место и има 19 бодови, додека Албанија е на четвртото место и има 13 бодови. На дното на табелата се Андора со четири и Молдавија со три бодови.
Последните натпревари за квалификациите на Европското првенство се одиграни и во Групата „А", од која на Европското првенство изборија пласман Англија и Чешка.
Во оваа група, селекцијата на Косово во последното коло е поразена од Англија (0:4), додека Бугарија славеше против Чешка.
По одиграните натпревари лидер во Групата „А" е Англија со 21 бод, втора е Чешка со 15, Косово е на трето место со 11 бодови, додека Бугарија е на четвртото место со шест, а Црна Гора е на последното место со освоени три бодови.