Burak Bir
03 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
АНКАРА
Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) синоќа анонимно усвои резолуција со која повикува на зголемена глобална солидарност и меѓународна соработка против епидемијата на новиот тип коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Резолуцијата, која е подготвена од Норвешка, Швајцарија, Сингапур, Индонезија, Лихтенштајн и Гана и поддржана од 188 земји, анонимно беше усвоена во Собранието од 193 члена.
Ова е првата резолуција на ОН за епидемијата, а следуваше откако бројот на случаи на заразени од коронавирусот надмина милион во светот.
Во резолуцијата е истакната потребата за пружање помош на сиромашните и најпогодените земји, а исто така се предупредува и на разорните ефекти од Ковид-19 на заедниците во светот, како и на економијата, патувањето и трговијата.
Во резолуцијата е истакната потребата и за почитување на човековите права и спротивставување на која било форма на дискриминација, расизам и ксенофобија во одговор на Ковид-19.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, официјално познат како Ковид-19, се прошири во најмалку 181 земја и регион.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од Ковид-19 во светот починале повеќе од 53.100 лица, а потврдени се над 1.000.000 случаи на заразување со коронавирус. Досега се излекувале повеќе од 210.000 лица.