Ammar El Khalfi,Hamdi Yıldız
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ТРИПОЛИ
Во воздушен напад во градот Сирт на северот од Либија врз позициите на милициите на генерал Калифа Хафтар кој е предвоник на нелегалните вооружени сили од источниот дел на земјата, неутрализирани се 20 милитанти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Медиумскиот центар на штабот на операцијата „Буркан ал-Гадаб“ (Вулкан на гневот), приврзан на либиската Влада за национално единство, која е признаена од Обединетите нации (ОН), соопшти дека е извршен воздушен напад врз позициите на милициите на генерал Хафтар распоредени во околината на градот Сирт.
Мустафа ел Меџи, портпаролот на операцијата, за АА изјави дека силите на Владата за национално единство извршиле воздушен напад врз подрачјето Вешка, во кое како цел ги имале милициите на генерал Хафтар кои се подготвувале да го нападнат подрачјето на Ебу Карин, сместено источно од градот Сирт.
Портпаролот Меџи информираше дека во ненадејниот напад се неутрализирани 20 припадници на Хафтаровата милиција, а повеќе од 15 оружени уреди се уништени.
И покрај тоа што поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), на 21 март беше прогласено примирје, продолжуваат нападите на милицијата на Хафтар врз главниот град Триполи и други подрачја во Либија. Како одговор на ова, Владата за национално единство на 25 март ја започна воената операција именувана како „Бура на мирот“.