Hasan Esen
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија од последиците на Ковид-19 починаа вкупно 42.927 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во последните 24 часа од последиците на вирусот починало 171 лице, односно вкупно 42.927.
Бројот на заразени е зголемен за 874 и изнесува 306.210. Во последните 24 часа се извршени 237.142 тестирања, вкупно 8.309.929.
Велика Британиај е земја со најмногу починати од Ковид-19 во Европа, односно трета во светот, после САД и Бразил.
Велика Британија на 13 мај започна со ублажување на мерките воведени на 23 март. Овозможена е работата на вработените во секторите на градежништвото и производство, односно оние полиња на кои не е возможна работа од дома.
Од 1 јуни се отворени училишта и професионални спортски терени, а продавниците од 15 јуни.
Премиерот Борис Џонсон денес најави дека од 4 јули повторно ќе бидат отворени рестораните, баровите, фризерските салони, кино салите, богослужбите, музеите, библиотеките и галериите.