Faruk Zorlu
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон, се соопштува од турскиот Директорат за комуникации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Директоратот се вели дека Ердоган и Макрон размениле мислења за прашањата како што се глобалната борба против пандемијата на Ковид-19, билатералните односи и регионалните случувања.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,5 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 174.300. Бројот на излекувани лица од вирусот изнесува речиси 660.000.