Mustafa Deveci
30 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ќе изврши уште едно тестирање за новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, откако кај Ривка Палух, советничка на Нетанјаху, беше откриен Ковид-19, донесена е одлука Нетанјаху да изврши уште едно тестирање.
Сѐ уште не се знае кога ќе се изврши тестирањето, и дали Нетанјаху ќе биде задржан во карантин.
Инаку, Нетанјаху на 15 март беше тестиран за Ковид-19, но беше негативен на вирусот.
Според податоците на Министерството за здравство на Израел, во земјата се откриени 4.347 случаи на Ковид-19, додека од последиците од овој вирус починале 15 лица.