Kasım İleri
29 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
ЊУЈОРК
Неколку стотина Авганистанци во Њујорк, САД, одржаа протести против талибанците, кои ја презедоа контролата во Авганистан, известува Агенција Анадолија (АА).
Во време кога САД го продолжуваат процесот на повлекување од Авганистан, стотина луѓе се приклучија на протестите во Њујорк наречени „Слобода за Авганистан“.
Демонстрантите изразија незадоволство поради тоа што талибанците неодамна ја презедоа контролата над Кабул и ги повикаа надлежните институции да ги заштитат правата на Авганистанките.
Во текот на маршот по улиците на Њујорк, демонстрантите носеа транспаренти со натписите „Спасете го Авганистан“, „Дозволете влез за бегалците“, „САД нè излажаа“.
Групата подоцна се собра пред зградата на Обединетите нации (ОН).