Ahmet Dursun
21 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
АНКАРА (АА) - Вкупниот број на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Иран во последните 24 часа се зголеми за 88, со што вкупната бројка се искачи на 5.297, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијануш Џиханпур, истакнал дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 88 лица и дека се дијагностицирани 1.297 нови случаи.
Истакнувајќи дека смртните случаи од Ковид-19 се зголемени на 5.297, Џиханпур рече дека вкупниот број на потвдени случаи во земјата достигнал 84.802.
Џиханпур, наведувајќи дека 3.357 пациенти се во критична состојба, нагласи дека во земјата досега се излекувани 60.965 лица.
Тој исто така додаде дека бројот на извршени тестови за Ковид-19 низ целата земја е 365.723.