Muhammet Kurşun
19 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 120 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 9.392, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садар Лари, изјави дека во истиот период се потврдени 2.615 нови случаи на заразување и дека вкупниот број на заразени во таа земја достигнал 200.262.
Лари истакна дека 2.833 заразени се наоѓаат во критична состојба, а дека се излекувани 159.192 лица, кај кои претходно е потврдено присуство на Ковид-19.
Таа напомена дека покрај покраината Хузестан, уште неколку покраини биле прогласени за црвена зона, меѓу кои се наоѓаат и Курдистан, Бушехр и Западен Азербејџан.
Во Иран од почетокот на пандемијата на присуство на Ковид-19 се тестирани 1.370.718 примероци.