Ali Cura
19 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
МОСКВА
Во Русија, во изминатите 24 часа од последиците на заразување со Ковид-19 починаа 181 лице, со што вкупниот број на починати се зголеми на 7.841, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција на Ковид-19 соопшти дека во истиот период е потврдено заразување кај уште 7.972 лица.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени достигнал 569.063, додека бројот на излекувани лица е зголемен на 324.406.
Се истакнува дека кај повеќе од 32 отсто од новите случаи станува збор за асимптоматски пациенти.
Во Москва, во текот на изминатиот ден се потврдени 1.136 нови случаи, додека борбата со Ковид-19 ја изгубија 48 лица.
Руската служба за заштита на јавно здравје соопшти дека од почетокот на пандемијата во Русија се тестирани повеќе од 16,3 милиони примероци.
Во соопштението се наведува дека 310.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор.