Muhammet Kurşun
16 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 198 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 13.608, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, изјави дека во истиот период се потврдени 2.500 нови случаи.
Лари истакна дека вкупниот број на заразени се зголемил на 267.061 и додаде дека 3.471 заразени пациенти се наоѓаат во критична состојба.
Таа изјави дека се излекувани 230.608 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Во Иран од почетокот на пандемијата на присуство на Ковид-19 се тестирани 2.073.791 примероци.
Поради зголемениот број на заразени некои покраини во Иран се прогласени за црвени зони, додека некои, меѓу кои и главниот град Техеран, се прогласени за „ризични подрачја“.