Barış Seçkin
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 153 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 31.763, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 70.187 активни случаи на коронавирус, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 224.760.
Денес се излекувани 2.605 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 122.810 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 153 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 31.763 лица.
Според соопштеното, 775 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 2.944.859 тестирања за Ковид-19.