Emre Aytekin
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на починати поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 310.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот починаа 310.003 лица, додека бројот на случаи со овој вирус во светот се искачи на 4.670.009 лица.
Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во САД, каде починаа 88.678 лица.
По САД, следуваат Велика Британија со 34.466 починати, Италија со 31.763 починати, Шпанија со 27.563 починати, Франција со 27.529 починати, Бразил со 15.046 починати, Белгија со 9.005 починати, Германија со 8.001 починат, Иран со 6.937 починати, Холандија со 5.670 починати, Канада со 5.595 починати и Кина со 4.633 починати.
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни: „Мексико (4.767), Турција (4.055), Индија (2.760), Шведска (3.674), Еквадор (2.594), Русија (2.537), Перу (2.392), Швајцарија (1.878), Ирска (1.518), Португалија (1.203), Индонезија (1.089) и Романија (1.081)“.
Во светот од Ковид-19 се излекувани 1.780.118 лица, додека 2.589.888 лица се во процес на лекување.