Barış Seçkin
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 78 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.301, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 27.485 активни случаи на коронавирус
Во последните 24 часа откриени се уште 346 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 236.651.
Денес се излекувани 1.780 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 174.865 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 78 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.301 лица.
Според соопштеното, 220 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.564.191 тестирање за Ковид-19.