Barış Seçkin
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
РИМ (АА) - Бројот на починатите од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Италија се искачи на 148 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Секој ден станува потежок билансот на починати од Ковид-19 во Италија.
Генералниот директор на Цивилната одбрана, Ангело Борели, на дневната прес-конференција во Рим сподели информации за последната состојба во врска со случаите на Ковид-19 во земјата.
Борели рече дека моменталната бројка на лица во Италија кај кои е потврден коронавирусот изнесува 3.296, додека според него, вкупната бројка на откриени случаи, вклучвајќи и смртните случаи како и лицата кои се излекувани, изнесува 3.858.
Тој информираше дека од вчера до денес починале 41 лице од овој вирус, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 изнесува 148 лица во Италија.
Борели рече дека 414 лица се излекувани од овој вирус.