Sayed Khodaiberdi Sadat
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
КАБУЛ (АА) - Во оружен и ракетен напад извршен за време на комеморација во Кабул, Авганистан, на која присуствуваа и политички лидери, загинаа најмалку 27 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нападот е извршен за време на обраќањето на одбележувањето на годишнината од смртта на Абдул Али Мезари, поранешниот водач на шиитската етничка група Хазари.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Насрат Рахими, изјави дека во нападот загинале 27 цивили.

Според неговите зборови, ранети се 29 лица, а меѓу загинатите има и деца и жени.
Рахими додаде дека напаѓачите се неутрализирани.
Батур Достум, синот на првиот заменик на претседателот на Авганистан, смета дека нападот е политичка игра и удар на демократијата.
Достум верува дека цел на напаѓачите биле политичарите кои присуствувале на комеморацијата.
Талибанците соопштија дека немаат поврзаност со нападот.