Nuri Aydın
06 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
ПЕКИНГ (АА) - Кина привремено забрани влез на државјани од 8 земји откако бројот на случаи на Ковид-19 низ светот повторно е во пораст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина привремено забрани влез на државјани од Русија, Франција, Италија, Велика Британија, Белгија, Филипини, Индија и Бангладеш, со исклучок на кинеските државјани.
Се наведува дека со забраната за влез што е воведена за 8 земји, каде што бројот на случаи на Ковид-19 се во пораст, Кина има за цел да спречи ширење на вирусот од странство.
Исто така се истакнува дека забраната за влез ги вклучува оние кои имаат дозвола за престој и виза во Кина, забраната не важи за дипломатите на овие земји.
Според изјавата дадена од Кинеската национална здравствена комисија, во последните 24 часа во Кина се откриени 36 нови случаи на Ковид-19, од кои 30 потекнуваат од странство.
Во земјата со над 1,4 милијарди жители, во последните 24 часа не се евидентирани смртни случаи предизвикани од коронавирусот, а вкупниот број на случаи се зголеми на 86.151.
Во Кина, каде за првпат е откриен Ковид-19, досега починаа 4.634 лица, а оздравеа 81.098 лица претходно заразени со вирусот.