Barış Seçkin
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
РИМ
Во последните 24 часа во Италија од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починаа уште 179 лица, со што вкупниот број на починати е зголемен на 30.739, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците кои ги објави Цивилната заштита на Италија потврдуваат дека врвот на епидемијата поминал, но експертите и понатаму предупредуваат дека попуштањето на рестриктивните мерки би можело да покрене раст на кривата на заразување со Ковид-19.
Бројот на нови активни случаи денес падна за 836, па сега бројот изнесува 82.488. Истовремено, бројот на излекувани продолжи да расте, искачувајќи се на 106.587.
Од почетокот на пандемијата во Италија на Ковид-19 беа позитивни 219.814.
Продолжува да опаѓа и бројот на пациентите на одделите на интензивна нега. Од 1.027, колку што имаше во недела, денес тој број изнесува 999.
Во Италија досега се тестирани 2.606.652 лица.
Во Ломбардија, која е најтешко погодена со епидемијата, во последните 24 часа починаа уште 68 лица. Само на тоа подрачје од почетокот на епидемијата починаа 15.054 лица.
Претседателот на Федерацијата на фармацевти, Марко Косоло, укажа на недостаток на маски и напомена дека немаат хируршки маски кои би требале да ги продаваат по ниска цена во главниот град Рим, а маските не стигнале ниту во другите градови како што се Милано и Торино.