Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АНКАРА
Во едно британско истражување се истакнува дека најголем придонес во успорувањето на пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Европа обезбеди затворањето на училиштата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Универзитетот „Ист Англија“ (East Anglia) сместен во британскиот град Норвич, спроведе студија проценувајќи го успехот на различните мерки во обезбедувањето на социјална оддалеченост во 30 земји од Европа.
Според оваа студија, затворањето на училиштата во Европа бил најефикасниот метод за ставање на вирусот под контрола.
Забраната на масовни состаноци и средби како што се фестивали и натпревари, затворањето на ресторани, барови и несуштински работни места се едни од најефиканските чекори што се преземени за забавување на пандемијата.
Проф. Пол Хантер, предводник на студијата истакна дека во процесот што го следеле, затворањето на училиштата во Европа е тесно поврзано со забавувањето на пандмијата на континентот и додаде „Но тоа не значи дека според оваа студија може да се донесе конечен закључок, бидејќи недостасува консензус околу тоа дали децата го пренесуваат Ковид-19 на возрасните ли не. Во исто време студијата не утврдува кое ниво на затворањето на училиштата има најефикасно дејство“.
Според студијата, политиката на останување дома не била ефикасна, додавајќи дека е забележано зголемување на бројот на заразени во периодот на деновите на карантин, а покрај тоа, ниту носењето на маска не направило некаква разлика.
Д-р Џулија Брејнард, од Медицинскиот факултет при универзитетот Норвич истака „Во почетокот се имаше претстава дека маската има заштитно влијание, но забележавме дека 15 дена по препораките за маски или други потребни нешта за превенција, на ист начин почна да се зголемува бројот на заразени и бројот на починати“.
Од друга страна експертите посочуваат дека овие наоди не се доволни за да се даде конкретен совет.