Zehra Ulucak
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Кина откриени се уште 4, а во Јужна Кореја уште 48 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Националната здравствена комисија на Кина, во последните 24 часа откриени се уште четири случаи на овој вирус, од кои 3 случаи се со потекло од странство, додека еден случај е откриен во Пекинг.
Со ова, вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 83.557.
Во овој период не се регистрирани нови смртни случаи, додека досега во Кина починаа вкупно 4.634 лица како последица на овој вирус.
Во земјата од Ковид-19 излекувани се вкупно 78.518 лица.
- Јужна Кореја -
Центарот за контрола и спречување болести на Јужна Корјеа соопшти дека во последните 24 часа во земјата откриени се 48 случаи со овој вирус, од кои 24 се со потекло од странство, јави новинската агенција „Јонхап“.
Во Јужна Кореја откриени се вкупно 13.139 случаи, додека излекувани се вкупно 11.848 лица.
Во последните 24 часа во земјата почина уште едно лице од овој вирус, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Јужна Кореја порасна на 284.