Nuri Aydın
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
АНКАРА - Новиот тип коронавирус (Ковид-19), кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, е дијагностициран кај повеќе од 3,4 милиони луѓе во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, која континуирано објавува ажурирани информации поврзани со новите случаи на Ковид-19 во земјите низ светот, бројот на лицата дијагностицирани со Ковид-19 се зголеми на 3.401.394.
Најголем број случаи на заразени со Ковид-19 се регистирани во САД, каде што 1.131.492 лица биле позитивни на тестот на коронавирусот. Следуваат Шпанија со 242.988, Италија 207.428, Велика Британија 177.454, Франција 167.346, Германија 164.077, Турција 122.392, Русија 114.431 и Иран, 95.646.
Во Кина каде што вирусот за првпат беше забележан, бројот на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 82.875.
Листата на земји од светот во кои бројот на лица позитивни на тестот на новиот тип коронавирус е над 10.000, изгледа вака:
Бразил 92.202, Канада 55.061, Белгија 49.032, Перу 40.459, Холандија 39.731, Индија 37.336, Швајцарија 29.705, Еквадор 26.336, Португалија 25.351, Саудиска Арабија 24.097, Шведска 21.520, Ирска 20.833, Мексико 20.739, Пакистан 18.114, Сингапур 17.101, Чиле 17.008, Израел 16.101, Австрија 15.531, Јапонија 15.017, Белорусија 14.917, Катар 14.096, Полска 13.105, ОАЕ 13.038, Романија 12.567, Украина 10.861, Јужна Кореја 10.780, и Индонезија 10.551.
Новиот тип коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, по што се рашири во повеќе од 200 земји и региони во светот.
Како последица вирусот во светот починаа 239.615 лица, додека 1.083.816 се излекувани.