БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за големиот број смртни случаи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа, Ковид-19 е причина за смртта на 2.216 лица во Бразил, 243 во Мексико, 689 во Аргентина, 569 во Колумбија, 168 во Перу, 133 во Чиле, 48 во Еквадор, 149 во Парагвај, 28 во Гватемала, 32 во Хондурас и на 45 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.216 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 484.235.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 85.149, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.296.118.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 15.718.593 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 243 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.282 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 229.823 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.448.820. Досега во оваа земја оздравеа 1.950.419 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 689 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 84.628. Во истиот период детектирани се 26.934 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.093.090.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.668.672 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 569 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 94.615.
Во последното деноноќие детектирани се 29.570 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.694.707. Во оваа земја досега оздравеа 3.435.109 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 168 лица од последиците од коронавирусот, а детектирани се 1.573 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.998.056, од кои животот го загубија 188.100 лица, а оздравеа над 1.955.350 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 133 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 30.472.
Во истиот период регистрирани се нови 7.972 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.461.419, а оздравеа вкупно 1.382.124 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 48 смртни случаи, вкупно 20.997 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.098 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 437.121.
Досега во Еквадор оздравеа 398.645 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 149 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.698 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 387.687, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.561.
Досега оздравеа 319.572 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 28 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, вкупно 8.416 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 1.861 новозаразен, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 269.308.
Досега во оваа земја оздравеа 244.416 лица што биле заразени со коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 32 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.400 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 245.695, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 6.599 лица, а оздравеа 87.864 лица кај кои претходно бил детектиран коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 45 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 4.906.
Во истиот период детектирани се 3.484 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 333.484 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 293.332 заразени со Ковид-19.