Zylfije Adem Jakupi
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во изминатите 24 часа почина еден пациент, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.268, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 221 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 108.844.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 3.160 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 745.398 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 105.688 лице. Во моментов во земјата има 888 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 460.297 дози вакцини против Ковид-19.