Sinan Doğan
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 894 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 575.742.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 30.872, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.614.866.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.530.843 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 940 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 18.262 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 254.466 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.249.878. Досега во оваа земја оздравеа 2.591.369 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 197 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 110.806. Во истиот период детектирани се 8.119 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.148.085.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.828.314 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 73 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 124.388.
Во последното деноноќие детектирани се 2.467 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.894.702. Во оваа земја досега оздравеа 4.725.018 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 20 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 133 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 457.971, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.613.
Досега оздравеа 435.581 лице позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 36 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 11.552 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 4.917 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 444.924.
Досега во оваа земја оздравеа 383.830 лица кои биле заразени со коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 34 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.681 лице.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 331.372, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 8.704 лица, а оздравеа 105.797 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.