БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.001 лице во Бразил, 529 во Мексико, 561 во Аргентина, 505 во Колумбија, 359 во Перу, 174 во Чиле, 82 во Еквадор, 22 во Гватемала, 106 во Парагвај, 38 во Хондурас и 66 во Уругвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 3.001 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 401.186.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 69.389, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.590.678.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 13.152.118 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 529 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.990 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 216.447 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.340.934, а досега оздравеа 1.861.861 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 561 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 63.508. Во истиот период детектирани се 26.053 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.954.943.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.608.077 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 505 лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 73.230.
Во последното деноноќие детектирани се 17.308 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.841.934. Во оваа земја досега оздравеа 2.650.643 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 359 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.495 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.791.998, од кои починаа 61.101 лице, а оздравеа над 1.736.183 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 174 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 26.247.
Во истиот период регистрирани се нови 6.889 случаи на заразување со Ковид-19, така што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.190.991, а оздравеа вкупно 1.125.761 лице претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 82 смртни случаи, вкупно 18.552 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 3.027 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 380.689.
Досега во Еквадор оздравеа 318.598 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 22 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати достигна 7.500. Во истиот период детектирани се 1.596 новозаразени, вкупно 226.247 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 201.621 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 106 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.695 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 276.865, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 6.302.
Досега оздравеа 227.540 лица позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последици на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 38 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.586 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 211.076, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последици на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 5.261 лице, а оздравеа 78.517 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 66 лица од последици на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 2.563.
Во истиот период детектирани се 2.716 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 195.734 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 164.965 заразени со Ковид-19.