Atila Altuntaş
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
СТОКХОЛМ
- Атила АЛТУНТАШ
Министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линд изјави дека Владата на таа земја ги презела адекватните мерки против ширењето на Ковид-19, а дека не прибегнала кон рестриктивните мерки, туку се потпрела на граѓанската послушност, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефицата на шведската дипломатија за АА изјави дека се неосновани критиките кои различни кругови ги упатуваат на Шветска што, по пример на поголем дел на европските земји, не посегнала по воведување на рестриктивни забрани во рамките на борбата против пандемијата на Ковид-19.
„Погрешна е перцепцијата дека животот во Шведска се одвива нормално и без промени. Шведската Влада во рамките на борбата против пандемијата презеде остри мерки. Владата тие мерки не ги преземеша посегнувајќи кон забрани, туку потпирајќи се на послушноста на граѓаните“, изјави Линд.
Таа го наведе примерот дека Владата ги повикувала граѓаните за Велгиден да останат во своите домови и да не патуваат и дека 96 отсто од граѓаните го послушале тој совет и без воведувањена класични забрани за движење.
Истакнувајќи дека пандемијата сериозно го загрозила економскиот систем на целата Европска унија и светот, Линд изјави дека е погрешна и перцепцијата дека т.н. шведска стратегија на борба би можела да резултира со помали економски губитоци во таа земја.
„Голем дел од економијата на Шведска се потпира на извозот во земјите на ЕУ. Се надеваме дека од оваа криза ќе излеземе со што помалку последици“, изјави Линд.
Турската Влада со амбулантски авион од Шведска го евакуираше 47 годишен Емрулах Ѓулуксен кој е заразен со Ковид-19 и не е хоспитализиран во Шведска. Линд изјави дека шведскиот здравствен систем е сигурен и дека спасува илјадници човечки животи.
Шефицата на шведската дипломатија Линд во разговор со новинарот на АА на сите муслимани им го честиташе Рамазан.
„Знам дека тоа е важен месец за Муслиманите. Им го честитам Рамазан кој го дочекаа во овој тежок период“, изјави Линд.
Според официјалните податоци, во Шведска со Ковид-19 се заразени 18.700, а починаа 2.270 лица.